İhvan Radoykov
20 Август 2017•Ажурирај: 21 Август 2017
КАЛОТИНА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Бугарија на сите гранични премини започна кампања за информирање на странците за новите сообраќајни правила во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде АА, брошурата за информирање на новите сообраќајни правила во Бугарија е подготвено во соработка со Министерството за транспорт на Бугарија. Брошурите ќе се делат на сите отворени гранички премини со Македонија, Грција, Турција, Романија и со Србија.
Комесарот Росен Рапчев, инспектор од Главниот инспекторат за контрола на сообраќајот во Бугарија, кој е дел од Министерството за внатрешни работи, за АА изјави дека брошурите отпечатени на англиски, турски, германски и на бугарски јазик, во почетокот ќе се делат на граничните премини со најголема фреквентност.
Рапчев изјави дека преку брошурите сакаат да ги информираат сите странци кои се во посета на Бугарија, или транзитно патуваат низ неа, за важните ситуации со кои можат да се соочат за време на патувањето.
Инспекорот Рапчев рече дека на сите патишта низ Бугарија е потребно светлата на автомобилите да бидат постојано вклучени додека се во движење, а користењето на сигурносен појас во автомобилот е задолжително за сите патници. Тој нагласи дека на сите патишта се поставени мобилни радари за одредување на брзината на движење на возилата.
- Излез од Бугарија на возила без регистерски таблички -
Инспекторот Рапчев истакна дека најстрого е забрането управување со возило под дејство на алкохол или наркотички средства. Тој додаде дека возилата чии регистарски таблички се извадени од страна на полицијата поради казна, без таблички не можат да ја напуштат Бугарија, освен доколку не се транспортираат качени врз друго возило.
Едни од најчестите правила кои ги прекршуваат странските возачи во Бугарија е непочитувањето на времето за патување поради интензивниот сообраќај и следењето на патните правци од страна на тешките возила, за што инспекторот Рапчев упати особено предупредување до возачите.
Инспекторот Рапчев истакна дека поради фактот што бугарските соседи Македонија, Турција и Србија не се членки на Европската Унија, интензивирана е граничната контрола на овие гранични премини, но додаде дека екипите на овие премини се во полн состав и работат со полно работно време.
Од друга страна, првото делење на брошурите започна на граничниот премин Калотина на бугарско-српската граница.