Agim Sulaj
10 Февруари 2025•Ажурирај: 11 Февруари 2025
ПРИШТИНА (АА) - Според податоците на Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово, од 88,04 отсто преброени гласови од гласачите на територијата на Косово, Движењето Самоопределување на премиерот Албин Курти е водечка партија со освоени 41,29 отсто од гласовите, јавува Анадолу.
По неа, втора по ред е Демократската партија на Косово со 21,83 отсто.
На трето место е Демократскиот сојуз на Косово со 17,75 отсто.
Коалицијата составена од Алијансата за иднината на Косово и Нисма доби 7,68 отсто.
Српската листа доби 3,96 отсто, додека новиот политички субјект кој првпат се натпреваруваше на овие национални избори, Коалицијата за семејството, доби 2,31 отсто од гласовите.
Според досегашните податоци на ЦИК, на парламентарните избори одржани вчера во Косово, своето право на глас го искористиле околу 40 отсто од 1.970.944 регистрирани гласачи.
Собранието на Косово се состои од 120 пратеници, од кои 20 се резервирани за малцинствата.