İhvan Radoykov
13 Ноември 2016•Ажурирај: 13 Ноември 2016
СОФИЈА (AA) - Според неофицијалните резултати во Бугарија кандидатот за претедател на опозициската Социјалистичка партија на Бугарија (БСП) Румен Радев е избран за претседател на државата, јавува Anadolu Agency (AA).
Поранешниот командант на Воздухопловните сили, пензионираниот генерал Румен Радев , според резултатите од вториот круг на претседателските избори освои 58,1 проценти од гласовите, при што беше избран за нов председател.
Заменичка на Румен Радев ќе биде пратеничката Илијана Јотова.
Во вториот круг за претседатлските избори во Бугарија кандидат за претседател беше и претседателката на Собранието на Бугарија Цецка Чачева која освои 35,5 отсто од гласовите.