Fatjon Cuka
28 Март 2020•Ажурирај: 28 Март 2020
ТИРАНА (АА) - Во Албанија уште едно лице почина како резултат на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во земјата се искачи на 9 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија.
Во соопштението се вели дека вечерва во Инфективната болница во Тирана почина 52-годишната пациентка заразена со Ковид-19.
„И покрај напорите на здравствениот персонал, пациентката не успеа да преживее. 52-годишната пациентка е деветтата жртва на Ковид-19 во Албанија“, се вели во ова соопштение.
Инаку, во Албанија се откриени 186 случаи на коронавирус, меѓу кои 9 починати и 31 излекувано лице.