Aldijana Hadzic
12 Октомври 2020•Ажурирано: 13 Октомври 2020
САРАЕВО (АА) - Во Босна и Херцеговина со новиот тип коронавирус заразени се 30.837 лица, а 936 лица починаа од последиците предизвикани од Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Податоците со пресек во 12 часот денес, доставени од Министерството за цивилни работи на БиХ, покажуваат дека за присуство на коронавирусот извршени се 262.637 тестирања, оздравени се 23.587 лица, а активни се 6.314 случаи.
Во ентитетот Република Српска потврдени се 10.484 случаи на вирусот, а извршени се 85.938 тестирања. Регистрирани се и 324 смртни случаи, а од вирусот се излекуваа 7.037 лица. Активни се 3.123 случаи.
Во ентитетот Федерација БиХ, Ковид-19 е потврден кај 20.025 лица, а извршени се 172.134 тестирања. Од последиците на вирусот починале 591 лице, додека 16.263 лица оздравеле. Активни се 3.171 случај.
Во дистриктот Брчко потврдени се 328 случаи на вирусот, од 4.565 тестирани примероци. Од Ковид-19 починаа 21 лице, а 287 оздравеле. Активни се 20 случаи.
Активните дневни случаи на 100.000 жители изнесуваат 184,55.
Неделните случаи на новозаразени на 100.000 жители за периодот од 28 септември до 4 октомври се 41,68.