Riyaz Khaliq
12 Октомври 2020•Ажурирај: 14 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Коронавирусот може да опстојува на површини 28 дена, откриено е во истражувањето направено од австралиската Национална агенција за науки, јавува Агенција Анадолија (АА).
„За подобро да го разбереме начинот на којшто се однесува ово вирус, нашите истражувачи ја испитаа стапката на преживување на Ковид-19, исушен во вештачки мукозен раствор, на шест површини“, велат истражувачите на Организацијата за научни и индустриски истражувања на Комонвелтот (CSIRO).
Спроведеното истражување покажува дека вирусот може да биде екстремно силен на 20 степени Целзиусови.
„Можеме да го повратиме инфективниот материјал по 28 дена од мазни површини“, се вели во соопштението на Агенцијата, и се додава дека експериментот е спроведен на три различни температури 20, 30 и 40 Целзиусови степени, а материјалот се чувал на релативна влажност од 50 отсто.
Истражувачите користеле не'рѓосувачки челик, стакло, винил, хартија и полимерни банкноти и памучна крпа како површини за време на истражувањето.
„Ова се примери на површини кои често ги допираме, како што се стакло на екраните на допир и кваки од не'рѓосувачки челик“, се додава.
„Во различни временски периоди, вирусот беше обновен и ставен во клетките на ткивната култура за да се набљудува дали останува некој заразен вирус“, се додава во студијата.
„Капка течност што содржи вирус во концентрации слични на нивоата за набљудување кај заразените пациенти беше исушена на неколку мали тестирачки површини и беше оставена 28 дена. Во различни временски периоди, вирусот беше обновен и ставен во клетките на ткивната култура за да се набљудува дали останува некој вирус“, се додава во истражувањето.
- Температурата влијае на однесувањето на вирусот -
Истражувањето исто така откри колку долго вирусот може да преживее во различни температурни зони.
„На 30 Целзиусови степени вирусот не преживува по седум дена на не'рѓосувачки челик, пари [полимерни банкноти] и стакло. Сепак, на винил и памучна ткаенина, инфективниот материјал не можеше да се забележи по три дена“, се вели во истражувањето.
„Сепак, вирусот е инактивиран побрзо на 40 Целзиусови степени“, се додава во истражувањето.
„Откривме дека вирусот опстојува подолго на поладни температури, со што може да се објасни ширењето на Ковид-19 во средини како што се објектите за преработка на месо“, велат истражувачите.