Zylfije Adem Jakupi
09 Март 2021•Ажурирај: 10 Март 2021
ПРИШТИНА
На Косово во последните 24 часа се детектирани 444 лица позитивни на коронавирус. Во истиот период животот го загубија 13 лица како последица на заразеност со Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека во текот на последните 24 часа тестирани се вкупно 2.410 примероци, од кои 444 биле позитивни на коронавирус.
Во истиот период починаа 13 лица од последици предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи во Косово се зголеми на 1.668.
Од вкупно 335.123 тестирани примероци сомнителни на коронавирус во Косово, позитивни на Ковид-19 се 74.079 лица.
Во текот на последното деноноќие оздравеа 452 лица, со што вкупниот број на оздравени во земјата се зголеми на 62.650. Во моментов во земјата се активни 9.761 случаи на заразеност со Ковид-19.