СКОПЈЕ (АА) – Портпаролот на Владата на Република Северна Македонија, Душко Арсовски, истакна дека Владата донела одлука за забрана на движење почнувајќи од утре 10 март заклучно со 22 март 2021 година кој ќе започнува во 22 часот навечер и ќе трае до 5 часот наутро, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Владата одржа онлајн прес-конференција на којашто даде детали за одлуката на Владата за воведување полициски час со цел спречување на ширењето на коронавирусот.
Портпаролот Арсовски наведувајќи дека на денешната владина седница е донесена одлука за забрана за движење почнувајќи од утре 10 март заклучно со 22 март 2021 година, рече дека забраната ќе важи од 22 часот навечер и ќе трае до 5 часот наутро.
„Одлуката за забрана за движење не важи за патниците кои што доаѓаат-заминуваат од меѓународните аеродроми. Кој како дозвола движење ќе им се признаваат авионските карти. Оваа отстапка е иста и за меѓународниот превоз на патници за транспортерите на лица и стока“, нагласи Арсовски.
Меѓу другото, портпаролот рече дека отстапки ќе има и за граѓаните кои имаат потреба од итна медицинска грижа, за здравствените работници, противпожарните единици, припадниците на Армијата на Северна Македонија и министерството за внатрешни работи.
„Секој граѓанин кој што има потреба од итна лекарска помош се јавува на 192, тоа е бројот на полицијата каде што известува дека има потреба од посета на лекар, здравствена установа. Информирање за линијата на движење. И дава информации за лицето од кого е придружуван“, рече Арсовски.
Со одлуката од денешната седница на Владата, како што рече Арсовски се опфатени сите домашни и странски физички лица, патници од африканскиот континент кои влегуваат на граничните премини на територијата на Северна Македонија.
Според Арсовски тие патници задолжително ќе се упатуваат во 14-дневна домашна изолација.
Инаку, во државата за првпат беше воведен полициски час во март минатата година, во различни временски периоди, со цел спречување на ширењето на коронавирусот, а на 27 мај во рамки на мерките за ублажување, беше донесена одлука за негово укинување.
Според последните податоци на Министерството за здравство, во земјата досега се регистрирани 108.350 случаи на Ковид-19 и 3.228 починати како последица на вирусот.