Zylfije Adem Jakupi
26 Април 2020•Ажурирај: 27 Април 2020
ПРИШТИНА (АА) - На Инфективната клиника во Приштина почина уште еден пациент од Ковид-19, со што бројот на починати лица во земјата порасна на 21, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Инфективната клиника соопшти дека денеска напладне починал пациент на 44-годишна возраст. Пациентот бил хоспитализиран на Клиниката на 17 април со потврден тест за Ковид-19 и бил примен во многу сериозна состојба. Починатиот боледувал и од други болести.
Ова е 21-та жртва од коронавирусот Ковид-19 во Косово. Од 8 февруари досега тестирани се вкупно 6.182 примероци сомнителни на коронавирусот, од кои 731 беа позитивни, додека 165 лица се излекуваа.
На територијата на цело Косово од 15 април е на сила одлуката според која секој граѓанин има право на движење само 90 минути во одреден временски пеиод во текот на денот, кој е одреден врз база на претпоследниот број на личната карта. Објавена е и табела со осум различни интервали, почнувајќи од 07:00 до 22:30 часот, а интервалите се менуваат секој 4-ти ден. Оваа мерка ќе трае до 3 мај 2020 година.