Emel Gözellik
26 Април 2020•Ажурирај: 27 Април 2020
ПЕКИНГ (АА) - Во кинески Вухан, каде што за првпат се појави коронавирусот, од болниците се отпуштени сите пациенти кои беа позитивни на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Локалните медиуми, повикувајќи се на изјавата на портпаролот на Националната комисија за здравство на Кина, Ми Фенг, наведуваат дека се отпуштени сите пациенти кои биле позитивни на коронавирусот во Вухан.
Ми изјави дека благодарение на лекарите и на другите здравствени работници од Вухан и од разни делови на Кина, во болниците не останал ниту еден пациент хоспитализиран поради коронавирусот Ковид-19.
Од Кинеската здравствена комисија денеска соопштија дека во последните 24 часа се регистрирани 11 новозаразени со Ковид-19 во земјата, и дека нема нови смртни случаи.