Agim Sulaj
22 Ноември 2020•Ажурирај: 23 Ноември 2020
ПРИШТИНА
Во Косово починаа 10 пациенти како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 914, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 707 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 34.295.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 1.831 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 131.186 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 21.043 лица. Моментално има 12.338 активни случаи.