Zylfije Adem Jakupi
25 Март 2020•Ажурирај: 25 Март 2020
ПРИШТИНА (АА) - Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека денес се потврдени уште 8 нови случаи на коронавирусот, со кои вкупниот број на заразени се искачи на 71 лице, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што е наведено во соопштението, во лабораторијата за молекуларна микробиологија денес е тестирани 34 примероци од случаи хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и од терен, од кои 8 биле позитивни.
Потврдените позитивни случаи се случаи на контактите, од кои 4 се од селото Доманек, општина Малишево, 3 се од Приштина и 1 случај е од селото Доња Студимља, општина Вучитрн.
Од 08.02. до денес тестирани се вкупно 766 примероци, од кои 71 се позитивни, со еден смртен случај, 82-годишно машко лице.