ЗАГРЕБ (АА) - Еден припадник на Хрватското воено воздухопловство, член на екипажот на хеликоптерот „Kiowa Warrior“, загина во падот на хеликоптерот во морето во Зларинскиот Канал пред месноста Заблаче, соопшти Министерството за одбрана на Република Хрватска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Во хеликоптерот „Kiowa Warrior“ биле двајца членови на екипажот“, соопштено е од Министерството за одбрана.
„Започната е интензивна потрага по другиот член на посадата, во којашто се вклучени хеликоптер на Хрватското воено воздухопловство и Крајбрежната стража на Хрватската воена морнарица, како и оперативните служби на Министерството за внатрешни работи, како и спасувачки брод на Капетанијата“, се наведува од Министерството.
Оттаму се додава дека Министерството за одбрана, Хрватската војска и Хрватското воено воздухопловство се длабоко потресени поради немилиот настан и изразиле сочувство до семејството на загинатиот припадник на Хрватското воено воздухопловство.
Претходно, Министерството за одбрана потврди дека во подрачјето на островите Зларина и Злаќа паднал хеликоптер „Kiowa Warrior“ во текот на тренажен лет.