Балкан

Во поплавите и свлечиштата во Босна и Херцеговина загинаа најмалку 18 лица

Според последните информации од Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванскиот кантон, на подрачјето на Јабланица загинале 16 лица

Bakir Tiro  | 04.10.2024 - Обновена : 05.10.2024
Во поплавите и свлечиштата во Босна и Херцеговина загинаа најмалку 18 лица

САРАЕВО (АА) - Најмалку 18 лица загинаа во текот на ноќта и денот во катастрофалните поплави и лизгањето на земјиштето во Босна и Херцеговина, јавува Анадолу.

Според последните информации од Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванскиот кантон, на подрачјето на Јабланица загинале 16 лица.

Претходно беше соопштено дека во куќа во Фојница животот го загубила и постара жена. Исто така, во местото Гојевиќи кај Фојница во текот на денот од еден од поплавените автомобили е извлечено тело на маж.

За жал, бројот на жртви може да биде поголем бидејќи сѐ уште се трага по неколку десетици луѓе во северна Херцеговина, но и во централна Босна, истакнаа официјалните претставници

Владата на босанско-херцеговскиот ентитет Федерација Босна и Херцеговина (ФБиХ) на денешната итна седница донесе одлука за прогласување на состојба на природна непогода на територијата на ФБиХ поради катастрофалните поплави и лизгањето на земјиштето.

Во знак на солидарност кон жртвите и нивните семејства во Босна и Херцеговина откажани се голем број културни и спортски манифестации кои требаше да се одржат во текот на викендот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.