Senita Şeherçehayiç
15 Февруари 2016•Ажурирај: 16 Февруари 2016
САРАЕВО (АА) - Постапувајќи по наредба од Канцеларија на обвинителството на БиХ, полицијата на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА), во подрачјето на Приједор од слобода лиши лица со иницијали Д.М. (1967), Р.М. (1972) и М.Г. (1958), за воени злосторства, јавува Anadolu Agency (AA).
Лицата се лишени од слобода, поради основано сомнение дека во логорот Мањача во август 1992 година, извршиле кривично дело според член 172 КЗ БиХ, злосторство против човештвото.
Лицата лишени од слобода ќе бидат предадени на обвинителството за понатамошна постапка.