Besar Ademi,Admir Fazlagikj
08 Август 2017•Ажурирај: 09 Август 2017
СКОПЈЕ (АА) – Во главниот град на Македонија, Скопје, како што се приближува времето до одржување на натпреварот од Суперкупот на УЕФА, помеѓу светските ривали Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, се повеќе се зголемува навивачката еуфорија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во централното градско подрачје на македонската престолнина, има три фан зони, од кои едната е на навивачите на англискиот Манчестер, другата на шпанскиот Реал, додека третата е неутрална фан зона, кадешто може да се забележат бројни љубители на фудбалот од различни земји на светот.
Градот Скопје, се погрижи навивачите да имаат свои посебни места во централното градско подрачје. Навивачите на шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид имаат своја фан зона кај плоштадот „Филип Втори", од каде ќе се упатат кон истоимената национална арена каде ќе се одигра мечот, додека навивачите на агнлискиот клуб своја фан зона имаат во близина на спомен куќата на „Мајка Тереза", од каде ќе тргнат кон стадионот.
Во „неутрални фанови зона", каде што ќе се одржи централниот директен пренос, фудбалски навивачи веќе почнаа да се забавуваат со различни активности, вклучувајќи ја и богатата музичка програма, во организација на Град Скопје. Непосредно пред почнување на вечерашниот меч, забележително е дека сите патишта водат кон националната арена Филип Втори во Скопје.
Забележително е присуството на голем број припадници на безбедносните сили кои ќе се грижат за безбедноста и одржување на редот и мирот во делот од градот каде се игра натпреварот, а постои и посебен сообраќаен режим со цел да се избегнат метежите.
Министерството за внатрешни работи на Република Македонија претходно соопшти дека се ангажирани 2.600 полицајци кои ќе се грижат за безбедноста и оджрување на редот во фан зоните во централното градско подрачје како и во близина на националната арена Филип Втори каде вечерва се игра мечот.
- Навивачите импесионирани од убавините на Старата скопска чаршија
Поголемиот број навивачи од „неутралната" фан зона, како и голем број туристи од различни земји можат да се забележат во Старата скопска чаршија, или пак, како што тие ја нарекуваат „стариот дел на градот”.
Навивачите на англискиот тим, но и на навивачите на шпанскиот клуб, во разговор за Anadolu Agency (AA) велат дека се импресионирани од старата архитектура, како и од различните традицинонални јадења кои ги нудат угостителите на Старата скопска чаршија најголем впечаток остана во Старата скопска чаршија, поради старите објекти од античката историја, туку и затоа што на традиционална храна подготвена во овој дел од градот.
„Ми се допаѓа разликата меѓу стариот и новиот дел дел на градот. Повеќе ми се допаѓа овој дел тука, Старата чаршија", рече Нурул Амин во изјава за АА, кој по потекло е од Бангладеш а живее во Манчестер. Тој истакна дека посебно му се допаѓаат архитектурата на чаршијата и традиционалната храна.
Омар Фонти од Шпанија, навивач на Реал Мадрид, рече дека прв пат следи натпревар на високо ниво на неговиот омилен клуб, но вели дека не згрешил што дошлол во Скопје да го гледа Реал во натпревар од ваков ранг.
„Мислам дека ова е држава која сеуште не е развиена, но добро е, се гледа дека и луѓето се многу добри. Ми се допаѓа повеќе стариот дел на градот, гледам џамии, многу дуќани, гостилници кои нудат традиционална храна и други дуќани кои многу ми се допаѓаат", рече Фонти.
Навивач на англискиот Манчестер Јунајтед, Абдула Ибрахим од Кувајт, рече дека културата, верските објекти и спомениците во Скопје му осавиле добар впечаток. Според неговите зборови, хотелското сместување, храната и превозот се поскапи.
Инаку, во овие два дена во Скопје владее голема еуфорија по повод големиот фудбалски спектакл од светски ранг, во рамките на кој учествуваат дел од најголемите ѕвезди во светот на фудбалот.
Мадриѓаните ќе атакуваат на четврта титула од Суперкупот, додека избраниците на Жозе Мурињо ќе се борат да ја освојат првата титула од ова натпреварување.
Според навивачите на двата тима, шансите и очекувањата се исти. И едните и другите очекуваат победа.