Aldıjana Hadzıc
20 Декември 2019•Ажурирај: 20 Декември 2019
САРАЕВО (AA) - Група државјани од Босна и Херцеговина (БиХ) кои се наоѓаа во камповите во Сирија, во согласност со претходните заклучоци на Претседателството на БиХ и Советот на министри на Босна и Херцеговина, стигнаа во оваа држава, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Шест жени и 12 деца, по доаѓањето на Меѓународниот аеродром Сараево ги поминаа соодветните проверки од Граничната полиција на БиХ, пружена им е неопходната помош, а потоа се транспортирани во приватен центар поради понатамошни прегледи и пружање медицинска помош", соопштено е од Министерството за безбедност на БиХ.
Заедно со оваа група дојдоа и седум машки лица, кои војуваа на страната на терористичките организации во Сирија и во Ирак, кои се предадени во понатамошна надлежност на Обвинителството на БиХ. Во подготовката за враќањето на босанско-херцеговските државјани од Сирија во последните неколку месеци интензивно соработуваа бројни надлежни институции, министерства, полициските и безбедносните агенции од БиХ и меѓународните партнери.
„Министерството за безбедност на БиХ изразѕва благодарност на сите вклучени министерства и агенции во БиХ, а посебно на Владата на САД и Амбасадата на САД во Сараево за поддршката и помошта во спроведувањето на овие активности. Министерството за безбедност на БиХ во соработка со меѓународните партнери ќе продолжи да ја следи ситуацијаа во камповите во Сирија, каде се наоѓа уште известен број жени, деца и мажи од БиХ", се заклучува во соопштението.