Seyyid Emin
20 Декември 2019•Ажурирај: 20 Декември 2019
СКОПЈЕ (АА) – Еден од најзначајните историчари на Турција, проф. д-р Илбер Ортајли по повод 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик, одржа конференција во Скопје, во организација на Турската демократска партија (ТДП), јавува Агенција Анадолија (АА).
На настанот присуствуваа почесниот претседател на Турската демократска партија (ТДП), Кенан Хасип, претседателот на ТДП, Бејџан Илјас, пратеници, академици, бизнисмени и голем број на гости од Турција, Косово, Бугарија и Западна Тракија.
Во изјавата за медиумите Ортајли истакнувајќи дека има голем интерес за Конференцијата рече: „Денес се смета за празник на јазикот. Поради празникот, ќе се осврнеме на Турскиот јазик, османлиската култура и турскиот јазик во Румелиските простори.“
Ортајли осврнувајќи се на интеракцијата меѓу Балканот и Турција, нагласи: „Ние дадовме значителен придонес во градови и села на Балканот, секако дека нешто земавме од балканските јазици, но и ние дадовме.“
„Секако дека се сретнавме со балканските народи, и се измешавме. Ги видовме ефектите од тоа. Така да, постои култура која се нарекува Румелиска култура. Значи со нив се приближивме“, рече историчарот Ортајли.
Посочувајќи дека во турскиот јазик има има српски, грчки и бугарски зборови, историчарот Ортајли рече: „Нашата империја се зголеми благодарение на Балканот. Зазеде место во историјата не Европа. До 20 век Балканот ја преставуваше Турската империја. Благодарение на империјата Балканот зазеде место во Европа.“
Истакнувајќи дека национализмот на балканските народи влијаела и врз Турција, Ортајли истакна: „И кај нас се разви национализмот. Ние бевме империја, во империјата нема национализам. Но, видовме дека кај сите почна национализмот, и ние почнавме да се фокусираме на турскиот национализам.“
Во својот поздравен говор, претседателот на Турската демократска партија (ТДП) Бејџан Илјас, истакна дека Денот на наставата на турски јазик е голем национален празник на Турците во Северна Македонија се прославува со голем ентузијазам и гордост во сите делови на земјата.
Илјас истакна дека за свеченостите по повод 21 Декември сакале да го крунисаат со конференцијата на историчарот Ортајли.
„Турското општество, заедно со своите училишта, јазикот, религијата, културата, литературата, уметноста, традициите и духовните вредности со векови успеа да опстане и решена е во иднина да го продолжи своето постоење. Ви посакуваме среќен празник и се надеваме дека празникот ќе даде можност за да се соединиме како нација.“