Dzihat Aliju
14 Јули 2023•Ажурирај: 15 Јули 2023
СКОПЈЕ (АА) - Првата група верници од Северна Македонија се вратија од светите места, градовите Мека и Медина во Саудиска Арабија, каде што заминаа за да го извршат аџилакот - петтиот столб од исламот, јавува Анадолу.
На Меѓународниот аеродром во Скопје аџиите, кои се вратија со директен лет од Медина, беа пречекани од членовите на семејството што им посакаа добредојде на своите најблиски.
Хасан Рустеми, еден од аџиите што пристигна со првата група, во изјава за Анадолу истакна дека таму поминале многу добро.
Еден друг аџија Шефки рече дека доживеале многу добри моменти.
Од друга страна, Идриз Идризи, координатор на аџиите од Тетовското Муфтиство, рече дека успешно ги извршувале ритуалите во Мека и Медина.
„Како водачи, сите аџии што ги презедовме успешно го извршија аџилакот“, додаде тој.
На Меѓународниот аеродром во Скопје од Саудиска Арабија пристигна првата група аџии, кои претежно се од Тетово и околината, а во наредните денови се очекува да пристигнат и останатите. Вкупно на аџилак заминаа 2.030 лица.