Ekipa
29 Мај 2016•Ажурирај: 30 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Од иранското министерство за култура и исламски работи соопштено е дека на иранските верници оваа година нема да им биде дозволено одење на аџилак, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ниту последните два состаноци не дадоа резултати и за жал Иранците оваа година нема да можат да одат на аџилак поради истрајувањето на Саудиска Арабија во одбивање на соработката”, изјави иранскиот министер за култура и исламски работи, Али Џенети во изјавата за иранското државно радио IRINN.
Џенети додаде дека иранската Канцеларија за аџилак утре ќе објави подетално соопштение по тоа прашање.
Иранските власти од Саудиска Арабија бараат поголема безбедност за аџиите за време на аџилак, како и олеснување при издавање на визите. Тоа изминатите денови беа главни теми на низата состаноци на надлежните официјални лица на двете земји.
Саудиското министерство за аџилак и умра уште во петокот соопшти дека Саудиска Арабија ги одобрила сите ирански барања, но дека делегацијата на иранската Канцеларија за аџилак одбила да потпише договор и се вратила во Техеран.
Од Саудиска Арабија тврдат дека официјален Иран е одговорен доколку на верниците од Иран не им биде овозможено одење на аџилак, што го оценуваат со одговорноста пред Бога и народот.