СКОПЈЕ (AA) - По повод Денот на настава на турски јазик - 21 Декември вечерва во Скопје се одржа централната манифестација со која беше одбележан овој празник на турската етничка заедница во Република Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
На свеченоста присуствуваа Ибрахим Калин, портпаролот на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, потпретседателот на Владата и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Аднан Ќахил, министер без ресор во Владата на Република Македонија задолжен за странски инвестиции, министерот за култура на Република Македонија Асаф Адеми, Халук Дурсун, заменик-министер за култура и туризам на Турвија, амбасадорката на Турција во Македонија Тулин Еркал Кара, претседателот на Турската агенција за координација и соработка (ТИКА) Сердар Чам, пратеници, претставници на дипломатскиот кор во земјата, како и претставници на државни организации и институции, и на невладините организации.
Пренесувајќи го поздравот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Калин рече: „На овој убав празничен ден спомнувањето на нашиот убав турски јазик, за сите нас е една обврска и чест затоа што јазик значи мисла, јазик значи меморија. Јазнк значи искажување. Јазик значи комуникација. Јазик значи да се разбере тој што е спроти тебе. Јазик значи и да ги искажуваш и да ги разбереш маките", рече Калин.
„Денес кога светот бара правец, нашата традиција за мисла, искажана пред стотици години „го засакавме создадениот поради Создавателот". Ја поставија филозофијата да го засакаш човекот без разлика на јазикот верата, расата, бојата и облеката", истакна Калин.

Тој истакна дека турскиот јазик за него претставува јазик на срцето, свет на мислата, хоризонтот и честа.
„Тука во Македонија, фала му на Бога, Македонците, Албанците, Турците, Муслиманите, Христијаните покажуваат еден прекрасен плуралистички пример на соживот. Ние се гордееме со тоа. Особено кога во Западна Европа има дебати околу плурализмот и кога мултикултурализмот е мртов. Вие како заедница, не само за Западна Европа, туку за целиот свет покажавте на најдобар начин што значи заедничко живеење.
Калин потсети дека има непријатели кои сакаат да го поткопаат зедничкото живеење, моралот и мирот.
„На чело на ова, е терористичката организација ФЕТО која на 15 јули, во ноќта на предавството уби 251 лице", рече Калин.
Тој истакна дека за да се затвори патот на Турција и да се предаде на империјалистичките сили искористени се сите политички, правни и економски патишта.
„И тоа не беше довлно. Вечерта на 15 јули имаше предавнички обид за државен удар. Но, што се случи? Ако тие имаа план, и Господ имаше свој план. Ако тие имаат некоја развратна идеологија, нашиот народ има чиста верба кон Господ. Ако зад нив стоjат некои големи луѓе, и пред народ има таков лидер (Реџеп Таип Ердоган)", истакна Калин.
- „Борбата против ФЕТО не е само работа на Турција"
Портпаролот на турскиот претседател рече дека борбата против ФЕТО не е само работа на Турција, туку дека оваа борба треба да ја води секоја пријателска и сојузничка држава заради своите национални интереси. Застанувањето пред предавничката и убиствената мрежа, според него, значи застанување пред цивилизацијата, наспроти варварството.
„Нашето очекување од браќата во Македонија е да ги преземат потребните мерки против оваа терористичка организација и против секаков вид на нивно делување и структурирање. Ова не е само барање на Турција, туку и барање на браќата Турци кои живеат во Македонија. Тука е министерот, верувам дека оваа порака ја слушна на најасен начин", потенцираше Калин.
- Спасовски: Македонија и Турција имаат билатерални односи на највисоко рамниште
Заменик претседателот на Владата на Македонија и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека Денот на наставата на турски јазик - 21 Декември празник којшто за сите во Македонија е уште една, не е само симобилична, туку и објективна потврда за традицоналната и цврста врска што не сплотува низ времињата и низ животот, потврда за меѓусебно почитување, уважување и поддршка како пријатели, соседи и сограѓани.

Спасовски, во своето име, во името на Владата на Република Македонија и во име на претседателот на Владата, Зоран Заев, како и во име на сите македонски граѓани, на сограѓаните од турска етничка припадност им го честиташе Денот на наставата на турски јазик и истакна неколку според негово убедување битни пораки и факти.
„Турската етничка заедница во Република Македонија сосема идентично како и Република Турција во сите овие години македонска самостојност и независност се покажаа и докажаа како лојални истрајни и отворени поддржувачи на Република Македонија во сите нејзини напори да го најде своето местото под сонцето да се етаблира како стабилна и просперитетна држава. Постојаноста на таа поддршка и помошта која во континуитет практично се демонстираше во сите сегменти во нашето општествено и институционално функционирање, вклучително и во ресорот со којшто јас раководам, Министерството за внатрешни работи, за Република Македонија беше и сеуште е од круцијално значење. Тоа не смее и не може никогаш да се заборави", истакна Спасовски.
Македонскиот министер за внатрешни работи додаде дека македонската и турската етничка заедница го споделуваат непроцеливото искуство на соживот, растејќи, градејќи, учејќи едните покрај другите, притоа создавајќи заеднички и трајни вредности кои се незаобиколен дел од општествената идентификација, од културата и традицијата и од заедничкото наследство.
Спасовски потенцираше и дека Република Македонија и Република Турција имаат билатерални односи на највисоко рамниште уште од независноста на Македонија.
- Кара: „Во борбата против ФЕТО очекуваме повеќе чувствителност"
Амбасадорката на Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара, рече дека Турците кои живеат во пријателска и братска Македонија од се срце сакаат да дадат голем придонес во развојот и просперитетот на својата земја и во таа насока ќе ја даде сета потребна поддршка за Македонија.

Кара која истакна дека турската заедница на балканските простори е една од највредните елементи, како и дека може да види дека тие го зачувуваат турскиот јазик кој може да се слушне и во Македонија, каде секој нејзин агол е историски, што за нејзе претставува чест и задоволство.
„Во критичниот период за пријателска и братска Македонија поддршката што ја даваме на билатералните и меѓународните полиња ќе продолжи, и во тие рамки во борбата против ФЕТО очекуваме повеќе чувствителност", рече амбасадорката Кара.
Претседателот на МАТУСИТЕБ, Хусреф Емин, истакна дека тие како Турци во Македонија уште еднаш се сеќаваат на нивната љубов и поврзаност кон турскиот јазик и кон нивната автентична култура и идентитет.
Хусреф рече дека длабоко се загрижени и возменирени од тоа што терористичката организација ФЕТО е сеуште активна во Македонија.
„Јасен е нашиот став од ноќта на 15 јули. На оваа тема очекуваме конкретни чекори од Владата на Република Македонија", истакна Емин и додаде: „Ние Турците од Македонија ќе ја продолжиме борбата против ФЕТО и сакам да потенцирам дека никогаш нема да се откажеме од таа борба."
По обраќањата на говорниците, познатата турска пејачка Ѓулшен одржа концерт за бројните присутни на централната прослава по повод Денот на настава на турски јазик, која се одржа во салата „Борис Трајковски" во Скопје.
news_share_descriptionsubscription_contact
