Stipe Majic
25 Март 2020•Ажурирај: 26 Март 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Во Република Хрватска од утрово има 24 новозаразени лица со коронавирусот, со што вкупниот број на случаи се искачи на 442, извести Центарот за цивилна заштита на Хрватска, кој потврди дека мажот во Истра починал од коронавирус, јавува Агенција Анадолија (AA).
Наодот од обдукцијата на починатиот маж пред неколку дена во Истра потврдува дека причина за смртта бил коронавирусот, што е првиот потврден смртен случај од коронавирусот во Хрватска од почетокот на епидемијата.
„Можам да потврдам дека патолошкиот наод на починатото лице од Истарската жупанија покажа дека станува збор за смрт предизвикана од Ковид-19“, рече директорот на Хрватскиот завод за јавно здравје, Крунослав Чапак.
„Во саботата имавме 87 нови случаи, но после тоа бројот се намалува. Тоа ни дава надеж“, истакна Чапак.
Тој додаде дека во саботата, кога имаше 78 новозаразени, бил врвот и ненадејниот пораст на заразените, и дека ситуацијата оттогаш е под таа бројка. Досега во Хрватска се излечиле 22 лица, а овој број е во постојан пораст.
Досега во Хрватска излекувани се 22 лица, а тој број е во постојан пораст.
Директорката на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михалјевиќ“, Алемка Маркотиќ, соопшти дека бројот на пациенти на респиратори останува ист, но дека состојбата на еден од пациентите се влошува.