Stipe Majic
14 Март 2020•Ажурирај: 15 Март 2020
ЗАГРЕБ (AA) - Од Клиниката „Д-р Фран Михаљевиќ“ потврдени се пет нови случаи на заразување со коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на лица кај кои е потврден овој вирус во Хрватска се искачи на 37, јавува Агенција Анадолија (АА).
Националниот центар за цивилна заштита на редовна конференција за медиумите потврди дека во Хрватска има вкупно 37 заразени со коронавирус.
Станува збор за пет нови случаи од вчера, а членовите на Центарот изјавија дека се работи за импортирани случаи или блиски контакти од веќе познатите случаи.
Се работи за два случаја во Осиек и по еден случај во Сисак, Вараждин и Загреб.
Правобранителката за деца, Хеленка Пирнат-Драгичевиќ, го коментираше случајот на заболеното дете со коронавирус, порачувајќи дека децата се ранлива категорија и дека е важно да не се објавуваат податоци и да не се открива идентитетот на детето. Јавноста е запознаена со фактот дека еден од заболените е припадник на Војската на Хрватска.
Од овие 37 заболени, едно лице се води како оздравено, со оглед дека меѓу првите имаше коронавирус во Хрватска.