Aldijana Hadzic
03 Мај 2020•Ажурирај: 03 Мај 2020
ЗАГРЕБ
Денес во Хрватска се потврдени осум новозаразени лица со коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Стожерот на Цивилната заштита во Хрватска потврдени се вкупно 2.096 заболени лица, а 1.489 лица се опоравија. Досега починаа 79 лица.
Потсетија дека придржувањето на сите досега донесени мерки и упатства се од клучна важност, бидејќи со одговорно однесување може да се намали ширењето на заразувањето со коронавирусот.
„Секој мора да биде свесен за одговорноста за сопственото здравје, здравјето на семејството и сограѓаните"; се наведува, меѓу другото, во соопштението.
Се потсетува и дека секое престојување во затворен јавен простор претставува зголемен ризик за заразување со Ковид-19 во однос на престојувањето дома.