Samir Kajoševic
18 Март 2020•Ажурирај: 18 Март 2020
ПОДГОРИЦА (AA) - Во Црна Гора се потврдени првите два случаи на заразување со коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Црногорскиот премиер Душко Марковиќ рече дека се работи за две жени кои се родени 1948 и 1973 година, а двете престојувале во подрачјата погодени со епидемијата.
„Сместени се во посебно одделение на Клиничкиот центар на Црна Гора. Двете се со стабилна здравствена состојба", рече Марковиќ.
Тој рече дека едно од заразените лица беше под надзор а другото не. Од овој момент, како што истакна премиерот, почнува нова фаза во соочување со овој предизвик.
„Многу е веројатно дека ќе дојде до откривање на нови случаи, но нема место за паника", рече Марковиќ.