Eren Beksaç
23 Ноември 2020•Ажурирај: 24 Ноември 2020
ПРИЗРЕН
- Ерен БЕКСАЧ
Валтида Шукриу, уметничка од Призрен, град во југозападниот дел на Косово, во центарот на градот ги изложува вратите и прозорците што ги собрала од куќите урнати во овој историски град во последните 4 години, пишува Агенција Анадолија (АА).
Во проектот на Шукриу под име „T’Pres N’Derë-Dritare (Чекам на вратата и прозорецот)“, спроведен со поддршка на Министерството за култура, млади и спорт на Косово, има 8 врати и 4 прозорци што потекнуваат од османлискиот период во 19 век.
Зборувајќи за AA, Шукриу рече дека досега во Призрен се срушени повеќе од 200 историски куќи кои претставуваат културно наследство на градот, истакнувајќи дека нејзина цел е преку оваа изложба да ја подигне свеста за заштита на културното наследство.

Таа рече дека овој проект го започнала поради тагата што ја чувствува од уривањето на историските куќи. „Како индивидуа се обидов да создадам колективна свест дека е потребно да се заштитат овие порти бидејќи тие се културно наследство на Призрен и претставуваат еден период од нашите животи.“
Шукриу рече дека историските призренски врати, кои се составени од повеќе додатоци, генерално биле сопственост на семејства со поголема репутација, односно повисок животен стандард.
Зборувајќи за традицијата за прицврстување на две различни тропалки на вратите на призренските историски порти, Шукриу рече: „Кога ќе удревте со чеканот, се слушаше полн глас. Во османлискиот период тоа претставувало машко ѕвоно, што значи дека на вратата тропа машка личност и треба вратата да ја отвори машки претставник од куќата. Од друга страна, прстенот прицврстен на вратата претставувал женско ѕвонче и тој, според призренската фраза наречен „прст“, имаше многу повисок тон.“

Зборувајќи дека изложените дела ја претставуваат цивилизацијата што постоела во Призрен, Шукриу го истакна следното:
„Се надевам дека во иднина ќе имаме нови соработници што ќе работат на реставрација на старите порти, со цел сочувување на културното наследство на Призрен и портите ќе бидат изложени на место погодно за посета од страна на сите туристи што дошле во Призрен.“