Agim Sulaj
14 Септември 2021•Ажурирај: 15 Септември 2021
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 24 лица, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 2.833, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 357 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 157.618.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија и во приватните лаборатории се направени 7.027 тестирање за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 1.123.044 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 138.950 лица. Во моментов во земјата има 15.835 активни случаи.
Во Косово досега се аплицирани 1.066.947 дози од вакцините против Ковид-19.