Ekip
24 Мај 2017•Ажурирај: 25 Мај 2017
БЕЛГРАД (АА) - Претседателот на Владата на Република Србија, Александар Вучиќ денес по состанокот со заменик помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања Хојт Ји, изјави дека двете земји се согласни дека зачувување на мирот и стабилноста во регионот на западен Балкан се најважен приоритет, јавува Anadolu Agency (AA).
Вучиќ на заедничката прес конференција изјави дека единствено стабилноста обезбедува подобра економија, поголем раст, повеќе инвестиции и подобар извоз.
Тој оцени дека билатералните односи на Србија и САД се добри, нагласувајќи дека за нив од големо значење е да имаат одлични односи со таа земја.
Вучиќ исто така наведе дека својот соговорник го известил за последиците за можен избор на Рамуш Харадинај за премиер на Косово.