Dejan Maksimoviç
20 Февруари 2016•Ажурирај: 21 Февруари 2016
БЕЛГРАД (AA) – Премиерот на Србија Александар Вучиќ потврди дека Слаѓана Станковиќ и Јовица Степиќ, киднапираните службеници на амбасадата на Србија во Либија се убиени во воздушниот напад на САД на кампот на ДАЕШ во оваа афричка земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Вучиќ за српските медиуми изјави дека нивната смрт е потврдена на основа на фотографии, како и дека нивните тела ќе бидат транспортирани во Србија во понеделник. Исто така, изрази надеж дека наскоро ќе добие формално објаснување од САД
Српскиот премиер нагласи дека е горд на работата на безбедносните служби кои го водеа случајот во врска со киднапираните службеници на амбасадата на Србија во Либија, но дека на патот на нивното ослободување влијаеше поголема сила. Во текот на обраќањето изрази најискрено сочуство на семејствата на загинатите српски државјани.
"Ова беше првата заложничка криза со која се соочи Србија. Луѓето би биле ослободени да не се случеше овој воздушен напад", рече Вучиќ и додаде дека ќе "бара формално објаснување од САД" .
"Од ЦИА добивме неофицијален одговор дека не знаеле дека во зградата која ја бомбардирале биле и странски државјани. Но, ќе причекаме да добиеме официјално соопштение. Ќе инсистирам на одговор, но тоа не значи дека ќе ги заостриме односите со САД" , наведе Вучиќ .
Вучиќ откри дека најодговорен за киднапирање на двајцата српски државјани е Ахмет Абаши, кој не е припадник на ДАЕШ, но со нив соработува поради голема материјална корист.
"Либиската полиција ни нудеше покренување на опоерација во која би учествувале илјада луѓе, меѓу кои и десет наши оперативци. Меѓутоа, проценивме дека таквата акција би довела до голем број жртви и дека би ги загрозила многу животи на нашите државјани", рече Вучиќ.
Во Либија сеуште живрат околу 250 српски државјани. Степиќ кој беше возач во амбасадата на Србија во Триполи и службеничката Станковиќ, киднапирани се на 8 ноември минатата година.