СКОПЈЕ/ТИРАНА/ПРИШТИНА (АА) -
Летната туристичка сезона е веќе започната, а граѓаните се во потрага по поволни туристички аранжмани за летните одмори. Најомилените и најбараните дестинации во туристичките агенции од страна на жителите на Балканот, како во минатите години, и оваа година останаа плажите на Турција, Грција, и Албанија.
Од друга страна, и туристичките агенции веќе започнаа со промовирање на различни дестинации. Претставниците на туристичките агенции во Македонија, Албанија и Косово во разговор за Anadolu Agency (AA) раскажаа дека повеќето жители бараат „All-Inclusive" аранжмани, додека помал дел од нив бараат сместуват во приватни апартмани.
Аркан Керим, претседател на туристичко угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија во разговор за AA, вели дека традиционално, со години наназад, за граѓаните од Македонија најпосакувана летна туристичка дестинација е Грција, потоа Албанија и Турција.
„Оваа година има интерес и за другите јадрански дестинации за Црна Гора, Хрватска, Бугарија. Се зависи од цените, кои зависат времето на закажување на аранжманите", вели Керим. Објаснува дека цените на аранжманите зависат дали тие се се однесуваат на почетокот, средината или крајот на туристичката сезона. Во тој контекст, цените на апартмантските сместувања, вели Керим, се движат од 50 до над 250 евра во Грција, додека со чартер лет за Анталија, цените се движат од 250 евра па нагоре.
Во однос на летувањето во Македонија, претседателот на туристичко угостителската комора на Македонија истакнува дека езерските летувалишта во Макеоднија, како што се Охрид, Струга, Дојран и други, граѓаните ги преферираат како алтернатива за пократок временски престој и викенд одмори.
Керим истакнува дека во Македонија постои интерес за летување во Албанија. „За Албанија има интерес, бидејќи таа сеуште е недоволно истражена и промовирана. Цените се пристапни и гостите редовно одат", додава тој.
Освнувајќи се на странските туристи во Македонија, потсетува дека интересот за посета на оваа земја е се поголем, поради пристапните цени за добрите аранжмани. Смета дека Македонија има добра гастрономија, убава природа и интересни градови. Керим информира дека веќе постои голем интерес за престој во Макeоднија од страна на туристите од земјите во регонот.
Првиот човек на туристичко угостителската комора на Македонија вели дека минатата година земјата ја посетиле околу 854 илјади туристи, но неофицијално, смета дека оваа бројка е поголема, бидејќи во овие туристи спаѓаат само оние кои оствариле ноќевања во земјава. Керим додава дека годинава се очекува во Македонија да има над милион туристи.
- Грција и Турција остануваат најомилени дестинации на Албанците
За државјаните на Албанија, Турција, Грција остануваат најбараните туристички дестинации, а по нив следувааат и различни туристички места во регионот, во Македонија или Црна Гора.
Туристичките агенции во Тирана потврдија дека за домашните туристи има многу алтернативи за туристички пакет аранжмани во странство, кои имаат цени прифатливи за стандардот на граѓаните.
„Грција е многу барана, за семејствата кои одат и со нивните возила. Повеќето одат и во Турција, каде се е организирано од патувањето со авион, чартер летови и цените се подобри“ вели за АА Нералда Спахо, од една туристичката агенција во Тирана.
Од друга страна таа додаде дека најомилената дестинација за Албанците внатре во земјата е јужниот дел на Албанија, односно Саранда. Исто така, домашните туристи во Абанија започнале да оргнизираат туристички мали тури, пред се планински туризам во Валбона, Тетх, во северниот дел на Албанија.
- Албанското крајбрежје, Црна Гора и Турција, најбарани дестинации од граѓаните на Косово
Омилената дестинација на туристите од Косово продолжува да биде албанското крајбрежје, особено јужниот дел, во Валона и Саранда. Исто и Црна Гора, особено Улцињ како и турското крајбрежје, особено Анталија и Бодрум, кои се најбараните места за летување од страна на држајвнаните на Косово.
Ова го кажа и претседателот на Здружението алтернатива на туризмот во Косово, Баки Хоти, кој во изјава за АА рече: „Дестинацијата на косовските граѓани воглавно о не е сменета. Исто и ова лето главната дестинација е албанското крајбрежје, црногорското крајбрежје, односно Улцињ, како и Турција. Значи овие се трите најбарани дестинации од косовските граѓани“. Хоти нагласи дека има и граѓани кои ја посетуваат Македонија, особено Скопје, Струга и Гостивар за „шопинг“ цели, како и за посета на монументите од културно наследство. Според него, економската состојба на косовските граѓани не е толку поволна за тие да одат на луксузни пакети.
Во врска со цените, Хоти истакна дека Албанија со намалување на даноците овозможила и намалување на цените на сместувње, и дека Македонија како резултат на субвенциите на државата нуди поволни понуди за косовските посетители.