САРАЕВО (АА) - Поканата на Црна Гора за членство во НАТО и отворањето на првите поглавја на Србија за пристапување во Европската унија се убедливо двата најзначајни случувања кои ја одбележаа 2015 година, на просторот на југоисточна Европа, односно Западниот Балкан.
Министрите за надворешни работи на 28 земји членки на Алијансата на состанокот во седиштето на НАТО во Брисел на почетоокот на декември едногласно донесоа одлука на Црна Гора да и биде упатена покана за членство во НАТО.
Во средината на декември на Меѓународна конференција во Брисел одлучено е да се отворат поглавјето 35 за нормализација на односите со Приштина и 32 за финансиска контрола, а двете страни, Србија и ЕУ, ги разменија преговарачките позиции.
Бројни случувања забележани се и во Босна и Херцеговина во 2015 година. Иако на сила доаѓа по осум години, на 1-ви јули, стапи Договорот за стабилизација и придружување (ССП) на БиХ, и покрај фактот дека извештајот за напредокот на БиХ на европскиот пат за 2015 година е малку попозитивен во однос на претходните години, првенствено поради реформските процеси кои се преземени во склоп на претседателската изјава со која властите на БиХ се обврзаа на нејзино спроведување, Босна и Хецеговина е единствена држава во регионот која не само што нема кандидатски статус, туку нема поднесено ниту апликација за членство во ЕУ.
Пред Босна и Херцеговина за чинот на аплицирање кој е најавен за првиот месец во 2016 година има уште многу обврски, а првенствено постигнување на договор за адаптација, односно анекс на ССП во смисол на решавањето на прашањето на традиционалната трговија по влегувањето на Хрватска во ЕУ, како и договорот околу ефикасните механизми за координација - еден глас од БиХ кон Брисел.
Кон крајот на месец август во Виена на Самитот на лидерите од Западен Балкан, потпишан е договор за границата помеѓу БиХ и Црна Гора.
Во БиХ е одбележана 20-годишнината од геноцидот над Бошњаците "Сигурна зона на ОН" во Сребреница. Во Меморијалниот центар во Поточари закопани се 136 жртви на геноцидот во Сребреница, со што досегашниот број на закопани е зголемен на 6.377.
Во текот на закопот на жртвите се случи напад врз српскиот премиер Александар Вучиќ, кој поради тоа е евакуиран од Поточаре, што во сенка го фрли самото одбележување на 20-годишницата на геноциодт над Бошњаците, на 11 јули 2015 година.
Денот на сеќевање на жртвите во Сребреница и денот на закопување на сребреничките жртви е прогласен за Ден на жалоста на ниво на Босна и Херцеговина со одлука на Советот на министри на БиХ, претходните години тоа не беше случај.
Во средината на ноември одржана е Регионална инвестициско-развојна конференција во Сребреница која има за цел промовирање на тоа подрачје за нејзин побрз кономски развој.
Оваа година е одбележана уште една 20-годишница од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор кој кон крајот на 1995 година ја сопре војната во БиХ.
Хрватска, заедно со Словенија, во рамките на процесот Брдо-Бриони во Загреб беше домаќин на средбите на претседателите од Западен Балкан со учество на потпретседателот на САД Џо Биден и австрискиот претседател Хајнц Фишер, за регионот да се охрабри на побрзи реформски процеси со цел влез во НАТО и ЕУ.
Оваа година ќе остане запаметена и по изборот на Колинда Грабар-Китаровиќ како прва жена претседател од осамостојувањето на Хрватска.
И парламентарните избори во Хрватска донесоа промена во состојбата со оглед на тоа дека власт, за прв пат, по избори не можеа да формираат блоковите на партии собрани околу СДП, но ниту ХДЗ на Хрватска. На Хрватска за прв пат и се случи, Независната листа Мост како трета опција, да стане фактор кој ќе одлучува за судбината на новата хрватска влада.
Најактуелното прашање во Словенија во текот на 2015 година беше дали на сила ќе стапи измената и дополнувањето на Законот за семејни односи кој го усвои Парламентот. Уставниот суд на Словенија одлучи да распише референсум на кој Словенците кон крајот на годината ги отфрлија законските решенија кои им овозможија на истополовите бракови да склопуваат брак и да посвојуваат деца.
Освен тешката економска состојба, Македонија, Косово но и Албанија во текот на цела година, а во Црна Гора во вториот дел на годината ги потресуваа антивладини протести.
По повеќемесечни протести и затегнати односи со посредство на Европската унија решена е политичката криза помеѓу позицијата и опозицијата во Македонија која резултираше со договорот на пролет 2016 година да се одржат предвремени парламентарни избори.
Иако се очекуваше оваа година Косово да се придружи кон остатокот на Западен Балкан во однос на укинување на визниот режим за слободно патување во Европската унија, тоа не се случи. Всушност, ЕУ одлучи на крајот од годината, дека Косово треба да исполни уште осум преостанати услови за да дојде до визната либерализација.
Оваа година ќе остане одбележана и по спектакуларниот Самиот на Организацијата за безбедност и соработка (OSCE) во Белград со оглед на тоа што Србија во 2015 година претседаваше со таа меѓународна организација на која се собраа 1.000 претставници на делегации и 44 министри за надворешни работи меѓу кои и државниот секретар на САД Џон Кери и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
Во втората половина оваа година, поточно кон крајот на септември, поставен е камен темелник на проектот "Белград на вода" со што и официјално започна изградбата на проектот вреден 3,5 милијарди евра што е најавен како најголема инвестиција на Балканот.
- Низ "балканската рута" поминаа над 600.000 мигранти -
На регионален план во 2015 година ќе остане запаметена и како година во која "балканската рута" на миграцискиот процес е проширена на Хрватска и Словенија, а откако во втората половина на годината Унгарија на границата подигна жица и со тоа го оневозможи преминувањето преку нејзината територија на мигрантите најпрвин од Србија, а потоа и од Хрватска.
Според податоците на "балканската рута", првенствено низ Македонија и Србија, кои со мигрантската криза беа погодени во текот на целата 2015 година, поминаа над 600.000 мигранти од дури 107 држави.
Во втората половина на годината, по низа состаноци, Европската унија донесе одлука со која мигрантите/бегалците се делат на оние кои доаѓаат од со војна зафатените Сирија, Ирак, Авганистан (опфатени со терминот бегалци) и оние кои доаѓаат од останатите држави кои се третираат како економски мигранти.
Тоа беше причината поради која т.н економски мигранти од Иран, Пакистан и Бангладеш протестираа на границата помеѓу Грција и Македонија, што како последица имаше нејзини чести блокади. Се случи за прв пат мигрантите кои протестираа на границата да ги зашијат усните во знак на протест што не им се одобрува поминување.
Инаку главна цел на "балканската рута" е Германија во која се проценува дека до крајот на годината ќе стигнат помеѓу 800.000 и милион бегалци.
news_share_descriptionsubscription_contact
