Балкан

Грција: Шумски пожар во Кератеа ги зафати населените места

- Министерството за животна средина и цивилна заштита на Грција испрати итна порака до граѓаните со барање да се евакуираат некои населени места како Палиокамариза, Лавриотики, Маркати, Плака и Панорама кај Кератеа.

Derya Gülnaz Özcan  | 30.06.2024 - Обновена : 01.07.2024
Грција: Шумски пожар во Кератеа ги зафати населените места Фото: Архива

АТИНА (АА) - Шумскиот пожар што избувна во Кератеа, на околу 50 километри од Атина, главниот град на Грција, ги зафати населените места, известува Анадолу.

Министерството за животна средина и цивилна заштита на Грција испрати итна порака до граѓаните со барање да се евакуираат некои населени места како Палиокамариза, Лавриотики, Маркати, Плака и Панорама кај Кератеа.

Од кабинетот на градоначалникот на Лавриотики предупредија дека шумскиот пожар веќе зафатил куќи во тој регион.

Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот по воздушен и копнен пат, но силните ветрови ги попречуваат напорите за гаснење.

Градот Кератеа се наоѓа во ридовите во југоисточниот дел на полуостровот Атика, шест километри западно од брегот на Егејското Море.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın