Dzihat Aliju
27 Септември 2017•Ажурирај: 28 Септември 2017
СКОПЈЕ (АА) - Поранешниот премиер на Република Турција и актуелен пратеник, Ахмет Давутоглу во разговор за Аnadolu Agency (AA) истакна дека Македонија е една од земјите столбови на стабилноста на Балканот и нагласи дека поддршката од страна на Турција за евроатланските интеграции на Македонија е постојана.
Поранешниот турски премиер истакна дека Турција и Македонија имаат пријателски односи кои вечно ќе траат. Тој додаде дека двете земји имаат многу блиска билатерална соработка.
„Македонија е една од земјите-столбови на Балканот. Нејзината територија може да изгледа мала, но таа е прва земја меѓу критичните земји за стабилноста на Балканот. Продолжување на мултикултурниот живот, решавање на политичките спорови на мирен начин, како и заштита на единството, интегритетот на Македонија ќе имаат голем придонес за стабилноста на Балканот. Иако претседателот Иванов и премиерот Заев се од различни партии, иако постојат одредени несогласувања, можеби најважното прашање во што се согласуваат е продолжување на пријателството со Турција. Забележав дека почитуваниот Заев има многу стабилен став во оваа насока, повторно го истакнувам тоа мислење. Овој пријателски мост меѓу Турција и Македонија има сигурни темели кои вечно ќе траат“, изјави Давутоглу.
Тој нагласи дека политиката на давањето поддршка за интегациите на Макеоднија во ЕУ и НАТО е непроменлива политика на владите на Турција.
„Интеграцијата во НАТО е процес кој ќе даде придонес во економскиот развој на Македонија и ќе ја заштити политичката стабилност“, посочи Давутоглу, истакнувајќи дека надминување на спорот со името со Грција е од големо значење и додаде дека Турција секогаш давала и ќе дава поддршка во однос на ова прашање.
- „Треба да го заштитиме Балканот како регион на мирот"
Давутоглу потсети дека народите од сите религии и раси во Балканот живеат заедно, и додаде дека сите народи во Балканот треба да имаат добри меѓусебни односи со цел да се заштити еден таков регион, како и дека треба да се унапредуваат односите со соседите.
Осврнувајќи се на Балканот како регион, Давутоглу рече: „Значајно е да се неутрализираат оние коишто сакаат Балканот да го претворат во место каде не може да се живее. Балканот е регион кој има најубава природа, има историски градови и има најдобри луѓе во светот. Не треба да им се дава можност на оние кои сакаат да ги поттикнувааат луѓето да бидат едни против други. Треба да го заштитиме Балканот како регион на мирот и стабилноста. Балканот е место каде може да се живее, а не место од каде треба да се бега“, истакна Давутоглу.
- „Сите меѓународни актери треба да му се спротистават на тероризмот"
Во разговорот за АА, тој се осврна и на темите глобален тероризам и миграциите.
„Најважен принцип во борбата против тероризмот е непокажување толеранција на терористичките организации. Кога се во прашање терористичките организации, сите меѓународни актери треба да се им се спротивставуваат без разлика за која организација станува збор. Во врска со бегалците, нив, треба да ги гледаме сите од хуманитарен аспект, и да ја пружиме нашата рака за нив без разлика од етничка припадност и вера. Ако во светот се обезбеди такво заедништво, ако се обезбеди заедничка свест против тероризмот, и заеднички хуманитерен став за бегалците, може да има напредок во однос на овие две прашања“, потенцираше Давутоглу.
Во рамките на посетата во Република Македонија, Давутоглу ја посети канцеларијата на турската новинска агенција Anadolu Agency (AA) во Скопје и разговараше со вработените на оваа институција, а за функционирањето на агенцијата во Македонија, Албанија, Косово и регионот беше информиран од страна на главниот и одговорен уредник на Сервисот на македонски и Сервисот на албански јазик на АА, Аднан Идриз.
Истакнувајќи дека АА е истакната институција која постои долги години, Давутоглу рече дека Anadolu Agency (AA) e значаен мост за комуникација.
Исто така, при посетата Република Македонија, Давутоглу го посети турскиот културен центар „Јунус Емре" во Скопје и се состана со премиерот на Република Макеоднија Зоран Заев и министерот без ресор во Владата на Република Македонија Аднан Ќахил, како и со лидерите на парламентарните политички партии.
Освен наведеното, претседателот на државата Ѓорѓе Иванов вечерва во Скопје приреди вечера во чест на поранешниот турски премиер и актуелен пратеник Давутоглу.