Kristina Maslareviç
01 Ноември 2016•Ажурирај: 02 Ноември 2016
БЕЛГРАД (АА) - Првиот потпретседател на Владата на Србија и министер за надворешни работи говореше во врска со пронајденото оружје во близина на семејниот дом на српскиот премиер Александар Вучиќ, и наведе дека безбедноста на Вучиќ била загрозена, па поради тоа, со сериозност ќе се пристапи кон овој случај, јавува Anadolu Agency (АА).
На прашањето дали има информации дека премиерот Вучиќ планира да поднесе оставка на функцијата шеф на Бирото за координација на безбедносните служби, Дачиќ одговори дека верува оти пронајденото оружје е нешто многу важно, тешко и сериозно, дека тој не може да зборува во врска со тоа, но очекува дека ќе се дискутира на таа тема во наредните денови.
„Немам информации дали премиерот ќе остане на тaa функција или не, но сигурно е дека тоа се тешки и сериозни работи“, рече Дачиќ.
Дачиќ изјави дека тој не ги слушнал сите верзии што ги кажале безбедносните служби од моментот на пронаоѓањето на оружјето, бидејќи не е член на Советот за безбедност, и наведе дека од она што го дознал сфатил дека станува збор за многу сериозни прашања, а токму тоа што постојат неколку верзии за настанот, потврдува дека тука има одредени пропусти.
„Она што сигурно го знам е дека неговата (на Александар Вучиќ, заб.а) безбедност била загрозена. Многу се тешки и сериозни прашањата во врска со тоа. За тоа ќе зборуваат други органи, нема да зборувам јас, бидејќи не сум овластен“, рече Дачиќ.
Во врска со она што го тврдат противниците на Бриселскиот договор, дека најдобро би било да се прекине секој контакт со Приштина и Брисел за ова прашање, Дачиќ рече дека смета оти е невозможно да се прекинат сите контакти, и дека треба да се заштитат националните и државните интереси, но да се има активна улога во сето тоа.