Dejan Maksimoviç
12 Април 2016•Ажурирај: 13 Април 2016
МОСТАР (АА) – Престојот во Мостар по повод отварањето на Mеѓународниот саем на стопанство, Бакир Изетбеговиќ, претседавачот на Претседателството на БиХ и премиерот Александар Вучиќ го искористија за да одржат состанок, по кој укажаа на значењето на дијалогот во односите меѓу двете земји, јавува Anadolu Agency (AA).
“Изетбеговиќ и јас имавме отворен, искрен и не толку лесен разговор. Најважно е дека јас бев искрен и дека ги разгледувавме односите на Србите и Бошњанците во целина, во регионот, во БиХ и во Србија. Во периодот што следи заклучивме да ги интенизивираме нашите контакти, разговори и дијалог. Сметаме дека српско - бошњачките односи се столб за опстанокот на Западнен Балкан, за мир, безбедност и сигурност на луѓето во целиот регион. Мора од секој агол да го согледаме минатото, да влеземе во чевлите едни на други за да се разбереме подобро. Важно е да гледаме во иднината и да ја унапредиме нашата стопанска соработка. Она што за граѓаните на БиХ и Србија е важно е тоа нашите односи да ги решаваме со намален тон и во мир, со цел да ги унапредиме. Србите и Бошњанците да имаат заедничка иднина, таму каде што со векови живееја. Со многу ги делиме границите, но Србите и Бошњанците живеат заедно во БиХ и Србија. Ќе го чуваме мирот и правото за подобра иднина на секое дете”, изјави Вучиќ.
Претседавачот на Претседателството на БиХ, Изетбеговиќ, истакна дека разговарал со Вучиќ за сите прашања важни за овие две земји.
“Имавме добар разговор. Не се воздржувавме за да ги отвориме сите важни теми за двете земји и двете нации. Минатото беше какво што беше и на тоа не можеме да влијаеме, но можеме да влијаеме на иднината. Затоа одлучивме повторно да го интензивираме дијалогот меѓу Србија и БиХ, меѓу Србите и Бошњаците. Треба да се разбереме едни со други, да ја признаеме вистината, пресудите на меѓународните судови... Србија овие денови со право се сеќава на она што започна пред 75 години со основање на злосторничката Независна држава Хрватска. И треба да се сеќава! И ние ќе се сеќаваме на некои работи засекогаш. Но, ноа не е причина да преговараме и да ги расипеме односите. Тоа ќе биде причина врз база на вистината и правдата да градиме подобри односи”, заклучи Изетбеговиќ.