Дачиќ: Под урнатините на железничката станица во Нови Сад извлечени осум тела
„Од урнатините извлечени се осум тела, две лица се во болница и тие преживеаја, со тоа што состојбата на едниот од нив е тешка бидејќи му е ампутирана ногата. Под урнатините имаме контакт со две лица...“
НОВИ САД (АА) - Министерот за внатрешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека осум лица загинале при уривање на дел од Железничката станица во Нови Сад, Србија, јавува Анадолу.
„Од урнатините извлечени се осум тела, две лица се во болница и тие преживеаја, со тоа што состојбата на едниот од нив е тешка бидејќи му е ампутирана ногата. Под урнатините имаме контакт со две лица, работиме да ги извлечеме живи“, рече Дачиќ.
Тој истакна дека под урнатините има и четиринаесетгодишно девојче.
Дачиќ додаде дека акцијата за спасување е во тек, а во неа со помош на тешка механизација учествуваат околу 80 спасувачи од повеќе градови.
Српскиот премиер Милош Вучевиќ изрази сочувство до семејствата на настраданите.
„Без оглед што се работи за објект кој е изграден во 1964 година, ние ќе инсистираме да се пронајдат одговорните и да одговараат оние кои требало да се грижат за состојбата на конструкцијата, односно објектот, и кои морале да ги предупредат надлежните дека некои работи мора да се поправат“, рече тој.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.