Fatjon Cuka
20 Декември 2018•Ажурирај: 20 Декември 2018
ТИРАНА (АА) - Албанија прогласи за непожелни двајца дипломати од Амбасадата на Иран во Тирана, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролката на Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија, Едлира Пренди, за АА потврди го потврди овој случај.
„Албанија донесе одлука за прогласување на двајца дипломати од Амбасадата на Иран за непожелни личности, за кои се сомнева дека биле вмешани во активности кои ја загрозуваат безбедноста на земјата“, рече Пренди.
Таа нагласи дека оваа одлука е донесена во консултација со земјите сојузници, поради нивните активности во Албанија кои се спротивставуваат со нивниот дипломатски статус.