?????
07 Јануари 2016•Ажурирај: 08 Јануари 2016
ТЕХЕРАН (АА) - Иран го забрани увозот на стока од Саудиска Арабија, откако официјален Ријад реши да ги прекине дипломатските односи по нападот на нејзините дипломатски претставништва во Техеран и Машхад, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што јави иранската државна телевизија, одлуката уследи по итниот состанок на Кабинетот на иранскиот претседател Хасан Рохани.
Иран годишно од Саудиска Арабија увезува околу 60 милиони долари, главно пакувани прехрамбени производи и текстил.
До дипломатска криза дојде откако властите на Саудиска Арабија, минатата недела, соопштија дека погубиле 47 лица осудени за тероризам, меѓу кои и верскиот лидер на шиитското малцинство во земјата ајатолах шејх ал-Нимр.