Zlatan Kapiç
16 Јануари 2018•Ажурирај: 16 Јануари 2018
БЕЛГРАД (АА) - Директорот на Канцеларијата за Косово на Владата на Србија, Марко Ѓуриќ, денеска изјави дека српската делегација го напуштила техничкиот дијалог со Приштина во Брисел и дека ќе се врати во земјата, поради убиството на Оливер Ивановиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Ѓуриќ рече дека убиството на Ивановиќ е злосторничко и терористичко дело со цел во северниот дел на Косово да се предизвика хаос и судири.
„Кој и да стои зад ова убиство мора да одговора пред лицето на правдата“, истакна тој.
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, свика итна седница на Советот за национална безбедност за 12 часот, по што ќе им се обрати на новинарите во 13 часот.
Лидерот на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ, беше убиен утрово во Северна Митровица, пред просториите на Граѓанската иницијатива.