Agim Sulaj
26 Август 2025•Ажурирај: 27 Август 2025
ПРИШТИНА (АА) - Пратеникот на движењето Самоопределување, Димал Баша, е избран за претседател на деветтиот законодавен состав на косовското Собрание, јавува Анадолу.
Изборот на Баша на функцијата претседател на Парламентот дојде откако предлогот на Движењето Самоопределување доби поддршка од втората партија во косовското Собрание, Демократската партија на Косово (ПДК).
Новиот претседател на Парламентот, Димал Баша, е избран со 73 гласа „за“, додека 30 пратеници гласаа „против“.