??????? ??????
17 Ноември 2015•Ажурирај: 17 Ноември 2015
ПРИШТИНА (АА) - Пратениците на опозицијата при заминување од зградата на Собранието физички се пресметаа со припадниците на косовската полиција. Тие потоа отидоа во правец на седиштето на движењето Самоопределување, кое се наоѓа во близина на Собранието, јавува Anadolu Agency (AA).
Собранието на Косово на вонредна седница одржана денеска во импровизирана сала, без присуство на опозицијата, го усвои Законот за буџет за 2016 година. Расправата беше кратка поради денешната посета на јорданскиот крал Абдулах II, кој во Косово доаѓа на повик на претседателката на Косово, Атифете Јахјага.
Истовремено, специјалните единици на косовската полиција, зградата на Владата и Собранието ги оградија со барикади поради подготовките за церемонијата на причекување на јорданскиоткрал Абдулах II.