Admir Fazlagic
11 Јануари 2019•Ажурирај: 13 Јануари 2019
СКОПЈЕ (АА) - Високата претставничка на Европската унија (ЕУ) Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан упатија честитки до Собранието на Македонија за како што наведоа „круцијалниот чекор кон имплементација на Преспанскиот договор", пренесува Anadolu Agency (AA).
Откако Собранието на Република Македонија со 81 глас „за" и ниту еден „против" и „воздржан" ги усвои уставните измени кои се дел од Преспанскиот договор честитки упатија високите претставници на ЕУ.
„Политичките лидери и граѓани ја покажаа своја одлучност да ја зграпчат оваа уникатна историска шанса за решавање на еден од најстарите спорови во регонот и решително да се движат напред на патот кон ЕУ", писмено соопштија Могерини и Хан.
Додаваат дека ЕУ силно го поддржува Преспанскиот договор „кој е пример за помирување во регионот и во Европа".
„Додека го чекаме завршувањето на следните чекори што ќе доведат до целосна имплементација на Преспанскиот договор, Европската унија останува цврсто решена да продолжи да ја поддржува и да ја придружува земјата кон својата стратешка цел за интеграција во ЕУ", се вели во соопштението на Могерини и Хан објавено на официјалната страница на ЕУ.
Честики до премиерот Зоран Заев упати и генералнот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Му честитам на премиерот Зоран Заев на последното гласање во Парламентот за Преспанскиот договор. НАТО силно го поддржува целосното спроведување на договорот, што е важен придонес кон стабилен и просперитетен регион", напиша Столтенберг на социјалната мрежа Твитер.
Потсетуваме, со 81 глас „за" и ниту еден „против" и „воздржан" Собранието на Република Македонија ги усвои уставните измени, со кои ќе се промени уставното име на Република Македонија во Република Северна Македонија по стапување во сила на Договорот за решавање на спорот за името со Грција (Преспански договор).