Admir Fazlagic
07 Септември 2017•Ажурирај: 08 Септември 2017
СКОПЈЕ (АА) - Под слоганот „Македонија слободна, слободно живее“ вечерва во Скопје пред платото на Владата се одржа централната прослава по повод 26. годишнината од независноста на Република Македонија, на која претседателот на македонската Влада Зоран Зоран порача дека денеска Ребулика Македонија е демократска држава, демократски се развива и европски напредува, јавува Anadolu Agency (AA).
Во своето обраќање на централната свеченост, вечерва претседателот на Владата, Заев им порача на граѓаните сите заедно да се вклучат во градењето на држава која ќе биде финансиски стабилна, безбедна и држава во која ќе има можности за многу успеси на сите полиња. Тој ги повика граѓаните да делуваат заеднички градејќи, како што рече, едно општество за сите, низ меѓусебна почит и разбирање без поделби на било која основа.
„Енергично ги спроведуваме рефорсмките процеси во државата коишто веќе ги отворија евроатланските перспективи, а Макеоднија активно соработува со соседите низ пријателства што се претвараат во мостови кон нашата заедничка светла иднина. Во овие процеси слободата е таа движечка сила која води напред. Таа слобода е широко попе на можности и длабок извор на шанси што секој може да ги препознае и секој е повикан да дејствува", рече Заев.
Посочи дека Република Македонија и нејзините граѓани се пред момент во кој треба да покажат зрелост, а истакна дека земјата има можности конкретно да напредува во евроатланските процеси, што се и нејзини стратешки определби.
„Очите на цела меѓународна јавност ги свртевме кон нас со тоа што на мудар и трпелив начин, од земја генератор на криза, Република Македонија ја претворивме во мотор на развој на регионот. Сега имаме отворен пат за напредок преку подадените раце за членство во Европската унија и во НАТО од земјите пријатели на Македонија. Постојат реални можности Македонија да добие чиста препорака, а потоа и датум за преговори со Европската унија. Реални се надежите и дека Република Македонија може да биде 30. членка на НАТО", потенцираше Заев.
Меѓудругото, тој нагласи дека, клучен тест се и локалните избори за кои, како што рече, првпат по 11 години нова демократска Влада ќе организира и спроведе избори.
Нагласи дека Владата е цврсто определена да организира и спроведе фер, демократски и регуларни избори, со нула толеранција за евентуални злоупотреби.
Според неговите зборови, важни се реформите и развојот на добрососедските односи и регионаланата соработка, која, како што рече, ќе овозможи просперитет за сите граѓани.
Организатор на централната прослава по повод Денот на независноста годинава е Владата на Република Македонија пред чие плато денеска беа поставени интерактивни уметнички инсталации, а се одржаа и детски претстави.
На крајот на програмата на централната манифестација настапија и различни музичари, кои ги забавуваа присутните граѓани кои дојдоа на одбележувањето на 26. годишнината од независноста.
Република Македонија денеска одбележува 26 години самостојност и независност, по успешно спроведениот референдум што се оддржа на 8 септември 1991 година, а на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.