Andelija Stojkovic
05 Март 2018•Ажурирај: 05 Март 2018
БЕЛГРАД (АА) - Гласачките места во Белград се затворени во 20:00 часот, со што заврши гласањето за советници во Собранието на градот, јавува Anadolu Agency.
Право на глас по 20:00 часот имаа оние гласачи кои во тоа време се затекнале на изборното место и чекале да гласаат.
Според податоците на набљудувачката мисија ЦРТА, до 19:00 часот гласале 48,2 отсто од вкупниот број запишани гласачи. Центарот за слободни избори и демократија (ЦЕСИД) објави дека до 19 часот гласале 48,4 отсто од гласачите, додека според податоците на Градската изборна комисија (ГИК), до 18 часот гласале 44,66 отсто од запишаните гласачи.
Гласачкото право во Белград имаа 1.606.931 граѓанин, а се гласаше на 1.185 гласачки места.
Гласањето започна утрово во 7:00 часот, а на изборите учествуваа 24 советнички листи. Првите прелиминарни резултати ќе бидат познати доцна вечерва.