Zülfiya Yakup
04 Март 2018•Ажурирај: 05 Март 2018
ПРИШТИНА (АА) - Автобусот кој се обраќаше на линијата Германија-Косово со патници воглавно од Косово, се запали во текот на движењето на околу 30 километри од државната граница меѓу Хрватска и Србија, од хрватска страна. Во несреќата нема пвредени, соопшти Министерството за надворешни работи на Косово, јавува Anadolu Agency (AA).
Врз основа на информациите кои пристигнаа од тамошните официјални полициски претставници, во несреќата нема повредени и со патниците сѐ е во ред, вклучувајќи ги и нивните документи, соопшти Министерството за надворешни работи на Косово. Во продолжение се додава дека сите патници се на безбедно и сместени во Центарот на Црвениот крст во близина на границата, додека друг автобус е на пат за да ги пеземе патниците и да ги префрли во Косово.
Амбасадорот на Косово во Хрватска, бил во постојан контакт со компанијата за превоз на патници. Хрватските власти започнале истрага за откривање на причината на неесреќата.
И министерот за дијаспора и стратешки инвестиции на Косово, Дардан Гаши со жалење ја прими веста за несреќата во која се запали еден патнички автобус со 29 припадници на косовската дијаспора во Германија. Гаши наведе дека добра вест е тоа што нема настрадани во несреќата.
„Мојата екипа е во постојан контакт и ја надгледуваат ситуацијата. Ќе реагираат доколку има потреба. Ова не е првпат автобус со наши сонародници да е дел од несреќа во која се загрозени животите на патниците. Бараме од релевантните институции и полицијата на Косово да бидат построги при контролата и сертифицирањето на компаниите кои поседуваат возила за превоз на патници на поголеми дистанци“, наведе во писмената изјава министерот Гаши.