СКОПЈЕ (АА) - ФУРКАН АБДУЛА - Претседателот на Партијата на движењето на Турците во Македонија (ТХП) и пратеник во Собранието на Република Македонија, Енес Ибрахим, во однос на борбата против терористичката организација ФЕТО во Македонија рече: „Премиерот (Заев) на активностите одржани по повод 21 декември - Денот на наставата на турски јазик, за првпат ја опиша заедницата на Фетула Ѓулен како ФЕТО. Значи, истакна дека заедницата на Фетула Ѓулен е терористичка организација ФЕТО. Од овој аспект, забележуваме дека Владата веќе ја призна ФЕТО како терористичка организација.“
Преатеникот Ибрахим, во разговор за Anadolu Agency (AA), зборуваше за неговата посета на Турција, односите меѓу Турција и Македонија, проблемите на Турците во Македонија, за турските инвестиции во земјата како и за борбата против терористичката организација ФЕТО.
Ибрахим потсети дека минатиот месец Владата на Македонија под водство на премиерот Зоран Заев реализираше посета на Турција, каде, како што рече тој, средбите со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Големото народно собрание на Турција (ТБММ), Исмаил Кахраман, и со премиерот Бинали Јилдирим биле реализирани во позитивна атмосфера.
- Поддршката на Турција продолжува во секоја прилика -
Ибрахим нагласи дека Турција е еден од најзначајните стратешки партнери на Македонија.
„Упативме благодарност до Владата на Република Турција и до претседателот за поддршката на Република Турција во процесот на интеграција во НАТО и Европската Унија (ЕУ) на Македонија. Побарана е и поддршка од Република Турција во процесот за интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ, особено во НАТО“, додаде тој.
Како што рече Ибхраим, се очекува овој месец министерката за одбрана на Македонија, Радмила Шекеринска, а во април претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери, да реализираат посети на Турција. Тој вели дека скоро секој месец се реализираат официјални посети меѓу двете земји, што е показател на тоа, како што рече тој, колку Македонија е блиска со Турција.
Претседателот на ТХП се осврна и на посетите на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, и премиерот Заев на Турција, и додаде дека Турција е првата земја што ја призна Македонија под уставното име, која од осамостојувањето ѝ дава голема поддршка на Македонија.
Ибрахим истакна дека постојат сериозни разговори во насока на зајакнување на економските врски меѓу двете земји.
„За време на посетата на премиерот (Заев) во Турција откривме дека Заедничката економска комисија од 2008 година не е активна. Направен е прелиминарен договор за повторно активирање на Заедничката економска комисија, чија координација ќе ја врши нашиот министер проф. д-р Аднан Ќахил, а од турска страна вицепремиерите на Турција, Реџеп Акдаг и Хакан Чавушоглу. Посетите, дали на премиерот Заев, дали на претседателот Иванов, се значајни случувања и за Македонија и за турската заедница во Македонија“, рече Ибрахим.
- Посетата на претседателот Ердоган во Македонија е важен настан и за Турците на Балканот -
Ибрахим се осврна на активностите што ги реализира Турска агенција за соработка и координација (ТИКА) и рече дека поддршката на ТИКА во насока на реставрација на османлиските дела е важна.
Во врска со изјавата на Ердоган дека доколку според неговата програма постои можност, во мај ќе реализира возвратна посета на Македонија, Ибрахим истакна:
„Посетата на претседателот Реџеп Таип Ердоган на Македонија е важен настан не само за Турците во Македонија, туку и за Турците на Балканот, бидејќи во наша соседна земја живее турска заедница. Од овој аспект, се надеваме дека посетата на претседателот Ердоган во Македонија ќе биде значаен настан и за нашата земја и за турската заедница во Македонија“.
Ибрахим истакна дека постои сериозна соработка меѓу двете земји околу запирање на терористичките активности -
„Турската заедница во Македонија внимателно ги следи настаните во Република Турција. Радоста и тагата веќе со години е заедничка“, додаде тој, и нагласи дека Македонија и Турција ќе постигнат поголеми успеси ако соработката меѓу двете земји достигне највисоко ниво.
„Постои сериозна соработка во областа на економијата и во борбата против терористички активности. Покажуваат цврст став против тероризмот. Посетата на претседателот Реџеп Таип Ердоган во Македонија ќе биде позитивен настан, се надеваме дека ќе биде значаен настан и за Македонија, за турската заедница во земјата, како и за поширокиот регион, односно за Балканот“, рече Ибрахим.
- Турците во Македонија живеат во услови од 13. век -
Ибрахим, исто така, се осврна на проблемите на Турците во Македонија, и на чекорите што ќе се направат за надминување на овие проблеми. Тој вели дека ако се гледа во последните 10 години, иако се потрошени рекордни суми од буџетот на Македонија, турската заедница во Македонија, турските села, како и подрачјата каде што претежно живеат Турците сè уште имаат сериозни проблеми.
Пратеникот во Собранието на Макеоднија нагласи дека Турците во некои региони во Македонија живеат во услови од 13. век, и потсети дека постои сериозна борба во оваа насока.
„Во Валандово, а особено во турските села почнаа да се реализираат активности кои досега не биле реализирани. Знаеме дека во изминатиот период, Агенцијата за млади и спорт изгради спортски сали во речиси секое македонско село во земјата, но исто така, знаеме дека не изгради спортска сала во ниту едно турско село. Во оваа насока, со напорите на нашиот член во Советот на Општина Валандово, наскоро ќе започне изградбата на спортски терен во село Калково во Валандово“, рече Ибрахим, истакнувајќи дека во некои села во Валандово сè уште постои проблем со водоснабдување, и дека вложуваат сериозни напори за решавање на овие проблеми.
Ибрахим потсети дека проблемот со наставата на турски јазик во Македонија е уште еден важен проблем.
„Во изминатиот период во Кичево се случија сериозни проблеми во наставата на турски јазик. Но го решивме тој проблем со заеднички напори на нашите локални власти, со напорите на министерот, и со нашите директори. Во повеќе турски села и во училиштата каде што наставата е на турски јазик, во една училница наставата ја следеа околу 30-40 ученици. Но на повеќе места, пред сè во село Канатларци, се боревме за отворање втора училница во која ќе се одвива настава на турски јазик, и можам да кажам дека успеавме“, додаде Ибрахим.
Според Ибрахим, нивната најзначајна мисија е градење подобра иднина за турската заедница во Македонија, и да им овозможат да живеат во благосостојба. Тој додаде дека во рамките на единство и солидарност водат борба за решавање на проблемите на Турците.
- Четири од десет компании во Македонија се турски компании -
Исто така, Ибрахим се осврна на активностите што се реализираат за носење турски инвеститори во земјата, и рече дека во последните 10 години немало доволно турски инвестиции во земјата, и дека со новите регулативи што ги направиле, нудат различни поттикнувања за странските инвеститори.
Ибрахим нагласи дека очекуваат наредниот период Македонија да биде рај за инвестиции. „Можам да кажам дека четири од десетте компании што инвестирале и ќе инвестираат во Македонија се турски компании“, рече Ибрахим.
Тој потсети дека Македонија сè уште го нема статусот безбедна земја, и дека тоа треба да го добие. Според него, со членството на Македонија во НАТО во најкраток рок ќе се понудат повеќе можности за странските инвестиции.
Како што рече пратеникот Ибрахим, инвеститорите пред да направат инвестиција истражуваат дали земјата е безбедна или не. „Ако Македонија го добие статусот безбедна земја, сигурно дека ќе има уште повеќе инвестиции од Турција. Во оваа насока, министерот проф. д-р Аднан Ќахил има сериозни иницијативи.“
- Заев за првпат ја нарече заедницата на Фетула Ѓулен како ФЕТО -
Зборувајќи околу поддршката на претседателот Иванов и премиерот Заев за Турција во борбата против терористичката организација ФЕТО, Ибрахим се оврна на чекорите што ќе бидат направени во оваа насока, и рече дека тој како претседател на ТХП и пратеник води сериозна борба против ФЕТО.
Тој рече дека цврстиот став на ТХП против ФЕТО е многу јасен и отворен, и дека нема отстапување од тоа. Нагласи дека за време на претходната власт не било направено доволно за борбата против структурата на ФЕТО во Македонија.
Нивната најзначајна мисија, рече Ибрахим, е да ги информираат партиите што ја формираат власта во врска со ФЕТО. „Требаше малку време за да им објасниме на партиите што ја формираат власта и парламентарното мнозинство колку е опасна ФЕТО, што направи во Турција, и како изврши обид за државен удар. Премиерот (Заев) на активностите одржани по повод 21 декември - Денот на наставата на турски јазик, за првпат ја опиша заедницата (џематот) на Фетула Ѓулен како ФЕТО. Значи, истакна дека заедницата на Фетула Ѓулен е терористичката организација ФЕТО. Од овој аспект, забележуваме дека Владата веќе ја признава ФЕТО како терористичка организација. Борбата против ФЕТО сè уште продолжува. За време на посетата на премиерот Зоран Заев во Турција беше актуализирана темата за борбата против ФЕТО. Се води борба против ФЕТО во согласност со Уставот и законите на Македонија, како и во согласност со меѓународните договри“, нагласи тој.
- Турската фондација „Маариф“ презеде сериозна одговорност -
Укажувајќи на претставништвото на турската Фондација „Маариф“, Ибрахим нагласи дека оваа фондација врши некои активности, и дека е актуелно отворањето на колеџите на Маариф во наредната учебна година.
„Со отворањето на колеџите на Маариф, сметаме дека во вистинска смисла ќе се отворат турски колеџи. Од друга страна, се надеваме дека училиштата на ФЕТО постепено ќе пропаднат. Бидејќи Турците во Македонија и општо на Балканот имаат потреба од турски колеџи. Кога се вели турски колеџ, сметаме дека и јазикот на наставата треба да биде на турски јазик. Од овој аспект, Фондацијата „Маариф“ во наредниот период ќе врши значајни работи. Фондацијата „Маариф“ презеде сериозна одговорност. Можам да кажам дека и како парламентарно мнозинство, и како партии, и како влада вршиме секакви напори за борбата против ФЕТО“, истакна Ибрахим.
Ибрахим изрази жалење за загинатите во Африн и посака операцијата „Маслинова гранка“ во Африн да заврши со успех, граѓаните во регионот да се вратат во нивните домови, и на границата од Турција да се градат кампови на спокојство, а не терористички кампови.
news_share_descriptionsubscription_contact
