Ekip
13 Октомври 2018•Ажурирај: 14 Октомври 2018
ЏАКАРТА (АА) - Индонезиската полиција објави дека 11 деца загинале откако обилни врнежи на дожд предизвикаа поплави и свлечишта на островот Суматра, пренесува Anadolu Agency (AA).
Началникот на локалната полиција, Ирсан Синухаи, изјави дека вчера во округот Мандаилинг Натал, на север од островот, се излеала река и однела 20 деца кои во вечерните часови биле во исламско училиште.
Тој истакна дека спасувачките екипи извлекле 11 детски тела од урнатините и калта и дека сѐ уште трагаат по останатите деца.
Обилните дождови често предизвикуваат поплави и свлечишта во Индонезија, каде што милиони лица живеат во планинските подрачја или во близина на поплавените рамнини.