Кара: Терористичката организација ФЕТО е сѐ уште активна во Македонија
„Се надеваме дека одлуките донесени од страна на претходните претставници ќе бидат одобрени и имплементирани од страна на сегашните владини претставници во Македонија”, рече амбасадорката КараBesar Ademi
14 Јули 2017•Ажурирај: 15 Јули 2017
SkopjeСКОПЈЕ (АА) - Амбасадорката на Република Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, на прес-конференција по повод првата годишнина од обидот за државен удар во Турција, кој на 15 јули минатата година беше изведен од страна на терористичката организација ФЕТО, рече: „Таа грозна вечер, Турција се соочи со најголемото предавство во својата историја, но излегувањето на народот на улица за да се спротивстави, по повикот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган во тие тешки услови, беше навистина херојски акт на турскиот народ, преку кој му беше одржана лекција на светот за тоа како треба да се брани демократијата“, јавува Anadolu Agency (AA).
Објаснувајќи ги настаните од ноќта на 15 јули и потсетувајќи се на 250 загинати херои кои го изгубија животот во текот на ноќта, амбасадорката Кара истакна дека целта на сторителите на обидот за државен удар била да ја соборат владата избрана на демократски начин, односно претседателот и уставниот поредок на Република Турција.
- ФЕТО се обидува да влијае негативно врз односите меѓу Македонија и Турција
Покрај тоа, Кара истакна дека терористичката организација ФЕТО не дејствува само во Турција, туку оваа организација има формирано структури и работи преку разни институции и надвор од Турција. Таа додаде дека, за жал, образовни институции, медиуми и приватни компании поврзани со оваа терористичка група сѐ уште се активни во Македонија.
„Сакам да истакнам дека овие институции не ја претставуваат турската држава, туку во спротивно, тие сѐ уште се обидуваат да работат на штета на Турција и се обидуваат да влијаат негативно врз односите меѓу Македонија и Турција, како и да ја затрујат одличната соработката меѓу двете земји во сите области“, рече Кара.
Таа потсети дека македонските лидери и официјални претставници се меѓу првите што изразија поддршка за Турција во првите моменти по обидот за државен удар, и додаде дека Турција знае дека оваа земја и нејзините граѓани се на страната на Турција и сака ова поддршка да ја чувствува во секој момент.
„Имаме големи очекувања од нашите пријатели во Македонија. Се надеваме дека одлуките донесени од страна на претходните претставници ќе бидат одобрени и имплементирани од страна на сегашните владини претставници во Македонија“, рече Кара, додавајќи: „Турција им посветува особено внимание и значење на односите со Македонија, а најважен показател за тоа посветување е фактот што Турција е една од првите земји што го призна уставното име на Република Македонија“.
Турската амбасадорка истакна дека еден од основните принципи на турската надворешна политика е немешањето во внатрешните работи на другите земји, додавајќи дека на овој принцип се заснова и политиката и односите на Турција со Македонија, а ова, вели таа, е извор на силните односи меѓу двете земји.
Исто така, Кара нагласи дека Турција е пријател во тешките денови на Македонија и дека во секој момент кога овој народ имал потреба за помош, Турција помогнала и ќе продолжи да помага. Таа во врска со неодамнешните коментари спротивни на претходно кажаното, рече дека луѓето од Македонија, земја пријател на Турција, нема да ги земат предвид овие процени, насочувања и погрешни обвиненија.
- Со активностите за одбележување на обидот за државен удар во Турција, се обидуваме да ја предупредиме Македонија за потенцијалниот ризик од ФЕТО во земјата
Турските граѓански здруженија во Македонија оваа недела организираа низа активности за одбележување на првата годишнина од обидот за државен удар во Турција, кој беше спроведен од страна на терористичката организација ФЕТО. Во меѓувреме, во текот на утрешниот ден, 15. јули, ќе се одржат централни активности организирани од страна на турската амбасада во Македонија. Амбасадорката Тулин Еркал Кара потврди дека на овој настан, покрај премиерот Зоран Заев ќе присуствуваат и министри и амбасадори кои се на функција во Македонија.
На прашањето дали со овие активности Турција се обидува да се меша во внатрешната политика на Македонија, Кара го наведе примерот на политичката криза во Македонија, за која како што рече, Турција е единствената земја што не се вмешала. Амбасадорката Кара истакна дека единствена цел на Турција е искоренување на терористичка организација ФЕТО и во никој случај да се меша во внатрешните работи на земјата.
„Сакам да потсетам дека Република Македонија беше во политичка криза, каде што шест месеци по парламентарните избори не беше формирана влада. Сакам да истакнам дека Турција е единствената земја што не се мешаше во внатрешните работи на Македонија, поради тоа што Турција е пријателска и братска земја на Македонија. Нашите односи и соработка се темелат врз овие принципи. Ние секогаш сме биле тука за да му помогнеме на народот на Македонија. Мислам дека е подобро ова прашање да им се постави на амбасадорите на другите странски земји во Македонија, бидејќи Турција е единствената земја што не се мешаше во овој период кога Македонија беше во криза“, рече Кара.
Покрај тоа, амбасадорката Кара истакна дека Турција се обидува да ѝ помогне на земјата што е нејзин пријател, предупредувајќи за опасностите од оваа терористичка организација. Таа вели дека преку овие активности, како и преку контакти со високи официјални претставници, Турција само се обидува да ја истакне опасноста и да ја разбуди свеста на релевантните страни за ризикот од оваа терористичка организација, која на подмолен начин се инфилтрирала во сите овие структури каде што се наоѓа денес.
„Овие комеморативни активности и напори во однос на предупредувањето на македонската држава и нејзиното население се корисен акт за самата Македонија и нејзините граѓани. Бидејќи ние минавме низ страшен напад и зборуваме за структура што дејствува со сопствени училишта во повеќе од 150 земји. Тие имаат само девет образовни институции во Македонија, каде што се врши перење на мозоци и подготовка на милитантите кои потоа ќе се вратат како терористи во нашето општество“, рече амбасадорката Кара.