Melda Altakhan
10 Декември 2015•Ажурирај: 10 Декември 2015
ВАШИНГТОН (АА) - Раководител на меѓународната адвокатска фирма "Amsterdam & Partners", Роберт Амстердам изјави дека движењето на Фетулах Ѓулен е вмешано во криумчарење со луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).
Според зборовите на Роберт Амстердам, раководител на меѓународната адвокатска фирма "Amsterdam & Partners", движењето на Фетулах Ѓулен во училиштата ширум САД донесувало наставници кои не ги задоволувале потребните критериуми, а на тој начин доаѓале до американски визи. Спомнатата адвокатска куќа побара пред судот во Пенсилванија Ѓулен да биде преоцесуиран според обвинение во шест точки.
Амстердам потврди дека меѓународните адвокатски фирми "Amsterdam&Partners" и "Fox Rothschild LLP" во Пенсилванија покренале тужба против Фетулах Ѓулен под обвниненија за различни кршења на човековите права.
Челникот на адвокатската фирма "Amsterdam & Partners LLP" и адвокатот на фирмата "Fox Rothschild LLP" Патрик Еган по тој повод на новинарите им ги претставиле деталите во врска со истрагата против "паралелната структура" на чело со Ѓулен.
Еган потврди дека поднесоа тужба во регионалниот суд во Пенсилванија против Ѓулен како и против членовите на "паралелната структура" .
Амстердам рече дека "паралелните структури" со своите активности во светот претставуваат закана по националната сигурност во многу земји.
Потсетуваме, Република Турција издаде црвена потерница за лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетулах Ѓулен, а од САД бараше да биде екстрадиран во таа земја.