Ekip
25 Декември 2017•Ажурирај: 26 Декември 2017
СКОПЈЕ/ТИРАНА (АА) - Католичките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат празникот Божиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Македонија централната прослава по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде имаше божикна полноќна света литургија. Католичките верници и дел од христијанските верници и во Албанија гo одбележуваат празникот Божиќ. Верниците ги посетија црквите каде беа организирани обреди за обележување на овој празник.
Во Катедралата Св. Павле во Тирана и во автокефалната православна црква во Албанија се одржаа традиционалните обреди по повод празникот Божиќ.
Во пресрет на Божиќ, албанскиот претседател Илир Мета му додели албанско државјанство на архиепископот на Православната автокефална црква во Албанија, Анастас Јанулатос.
Инаку, по повод празникот Божиќ, пораки со честитки до верниците испратија политичките лидери, претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, премиерот Зоран Заев, како и претседателот на Собранието Талат Џафери.